Веќе афирмираната генерација на ликовни творци беше иницијатор за основање на уметничка школа во Скопје. Президиумот на АСНОМ го прифати предлогот на ликовните уметници на Македонија за основање на Државна художествена школа во Скопје со два отсека: художествен и учителски.

Со донесувањето на одлуката, на ден 01.12.1944 година повереникот за народна просвета Епаминонда istorijatПопандонов донесе решение за назначување на Никола Мартиноски за директор на школата. За предавачи беа назначени: Лазар Личеноски, Борко Лазески, Димитар Тодоровски, Василие Поповиќ-Цицо, Тома Владимирски и Здравко Блажев. Президиумот на АСНОМ одлучи со отворањето на школата, истовремено да отпочне и курс за оспособување на привремени наставници за цртање и калиграфија, потребни за основните училишта и гимназиите.

Приемните испити за редовни ученици на Школата и на Курсот се одржаа од 1 до 4 февруари 1945 год. Редовната настава за учениците на Школата и за посетителите на Курсот почна со пригодна свеченост на 5 февруари 1945 год. Наставата отпочна во салата и читалните на градската библиотека и во просториите на тогашното основно училиште „Гоце Делчев“, што се урнаа за време на скопскиот земјотрес 1963 год., а беа во непосредна близина на Друштвото на писателите на Македонија.

На крајот од првата учебна година во месец јуни, со успех завршиле 20 ученика на двата отсека на школата, од кои 12 посетители на курсот.

Тогаш, во Градската библиотека беше организирана изложба на учениците, која побудила голем интерес во јавноста. Наставничкиот колегиум на Школата веднаш покрена иницијатива за изградба на училишна зграда. Министерството за финансии ја поддржа иницијативата и за време на учебната 1945/46 година беше изградена нова зграда на просторот меѓу зградата на тогашниот Економски техникум и на Домот на пожарникарите, во непосреднаблизина на сегашната зграда на градската болница „Наум Охридски“.

istorijat2Новата зграда на училиштето беше збиралиште на ликовните уметници како и на љубителите на ликовната уметност. Се одржуваа предавања и се водеа дискусии од областа на ликовната уметност. Образовниот процес траеше пет години со изучување на следните предмети: македонски јазик, руски јазик, историја, историја на уметноста, анатомија, Државно средно училиште за применета уметност Лазар Личеноски краснопис, перспектива, вечерен акт, цртање, сликање акварел, сликање масло, графика, вајање, декоративно стилизирање и декоративна пластика. Наставата беше изведувана од редовни, но и од хонорарни наставници. Во 1949 год. започна реорганизациона реформа на уметничкото школство во СР Македонија. Во согласност со Министерството за комунални работи и Министерството за просвета на СРМ, во чија надлежност беа Резбарското училиште во Охрид и Државната художествена школа во Скопје, се изврши нивнофузионирање.

Со Уредба на Владата на СРМ во 1950 год. се формира Школата за применета умност. Бидејќи просториите на Художествената школа не ги задоволуваа потребите на новоформираното училиште, нејзините простории се отстапија на Ансамблот за народни песни и игри „Танец“, а на ново формираното училиште му се додели зградата на основното училиште „Његош“, што се урна во скопскиот катастрофален земјотрес во 1963 год. На негово место по земјотресот е изградено основното училиште „Песталоци“. Неколку години пред земјотресот Школата за применета уметност е пренесена на денешната локација, како привремено решение до изградба на нова училишна зградa.

Новата училишна зграда се изгради дури во 2011 година, и днес претставува современ објект кои ги поседува сите услови за квалитетна настава. Со завршувањето на првите генерации на Државната средна художествена школа се изврши и конститутирањето на Училиштето за применета уметност.

Директорот на Художествената школа, Никола Мартиновски, беше разрешен од должноста директор и istorijat3поставен за директор на Уметничката галерија во Скопје. За директор на училиштето за применета уметност беше поставен директорот на Резбарското училиште од Охрид, кое што се фузионира со Художествената школа во Скопје, академскиот сликар Димче Протуѓер. Наставничкиот кадар од Художествената школа беше дополнет со академскиот сликар Димитар Пандилов, протамајсторот, резбар, Нестор Алесиевски, резбарот Славе Атнасовски, Перо Калајџи и високо-квалификуваните мајстори: Иван Шопов, Томе Костовски и Блаже Јовески. За општо образовната настава беа назначени: Мишко Радосављевиќ – македонски јазик, Миланка Бошкова – историја и историја на уметност и Сисое Манчев – француски јазик.

За некои предмети беа ангажирани хонорарни наставници. Министерството за просвета, подоцна Министерство за наука на СРМ, заедно со наставничкиот кадар на Училиштето за применета уметност и во соработка со надворешни стручни лица, изработија наставен план и програма за училиштето со следните отсеци: декоративно сликарство, декоративно вајарство, применета графика, обработка на текстил, внатрешна архитектура и керамика. Беше направена програма за работилниците за обработка на гипс, камен и дрво, со насокаи на резбарство. Тогаш академскиот сликар Вангел Коџоман беше задолжен да подготви предлог и програма за формирање на Наставна група за ликовно воспитание при Педагошката академија во Скопје. Таа почна да образува кадри во академската 1951/52 год. Министерството за наука и култура на СРМ додели стипендии на завршени ученици од Училиштето за применета уметност да го продолжат образованието на Ликовните и Применети академии во Белград, Загреб и Љубљана.

istorijat4По завршувањето на студиите, во воспитно – образовниот процес на училиштето се вклучија следните дипломирани студенти: Јордан Грабуловски, Рашко Муратовски, Љубодраг Маринковиќ -Пенкин, Раде Пенчуклиевски, Душко Стојановски и други. Училиштето работеше успешно, осовременувајќи го постојано воспитно – образовниот процес. Денес, училиштето во наставниот процес вклучува шест оддела: применето сликарство, применето вајарство, применета графика, дизајна на текстил и облека, дизајн на ентериер и мебел и дизајн на керамика. Образува кадри кои со голем успех го наоѓаат своето место како во индустријата така и како слободни ликовни творци. За потсетување, како на пример првата генерација на завршени ученици 1948/49, беше генерација на нашите денес реномирани уметници, кои го продолжија образованието на ликовните и применетите академии и достојно не претставуваа и се уште не претставуваат во земјата и надвор од неа.

Таа е генерацијата за почит, не можеме да не ги именуваме: Ванчо Георгиевски, Пецо Видинче, Благоја Папазовски, Јордан Грабуловски,Петар Мазев, Рашко Муратовски, Спасе Куновски, Боро Митриќески, Јонче Симонче, Анастасија Иванова, Лазар Спасеноски, Бранко Костовски, Менде Ивановска, Пано Аѓушев, Трајче Јанчевски, Петар Спировски, Борка Аврамовска и Трајче Николовски.

 

Директори на училиштето 1945-2010

 

Никола Мартиновски, Димче Протуѓер, Лазар Личеноски, Миле Корубин

Раде Перчуклиевски, Јордан Грабулоски, Александар Ристески,

Рашко Муратовски, Ѓорѓи Чулаковски, Ѓорѓи Георгиевски,

Бранко Јакшиќ, Жарко Јакимовски, Ицко Петрески

 

Професори по стручна настава 1945 – 2010

 

Никола Мартиновски, Лазар Личеноски, Димо Тодоровски, Борко Лазески, Јан Дубави, Василие Поповиќ – Цицо, Томо Владимирски, Вангел Коџоман, Љубомир Белогаски, Душан Кокотовиќ, Димче Протуѓер, Димитар Пандилов Аврамовски, Јордан Грабулоски, Стефан Несторовски, Љупчо Стефановски, Љубодраг Маринковиќ – Пенкин, Нико Този, Бафети, Рашко Муратовски, Душко Стојановски, Раде Перчуклиевски, Иван Шопов, Миле Корубин, Душко Мишевски, Ѓорѓи Георгиевски, Драгутин Аврамовски – Гуте, Михаил Лазаров, Петар Хаџи – Бошков, Ристо Калчевски, Родољуб Анастасов, Ордан Манески, Ангел Гавровски, Мена Спировска, Симеон Арнаудов, Ѓорѓи Здравев, Јелена Патроногиќ – Беба, Александар Ристески, Димитар Малиданов, Петар Митров, Анета Светиева, Петар Илков, Јелена Ритеска, Надежда Димеска, Томислав Андреевски, Светлана Поповска, Ѓорѓи Чулаковски – Ѓото, Петар Ѓорѓиев – Пљум, Славко Јосифовски, Драган Поповски – Дада, Бранко Конески, Димитар Манев, Жарко Јакимовски, Илинка Глигорова – Суза, Бранко Јакшиќ, Ангел Нацевски, Газанфер Бајрам, Вујка Радивојевиќ – Бојарова, Лира Грабулоска, Македонка Андонова, Сашка Митрова – Јорданова, Душан Мишевски, Лиле Јовановска – Арсова, Маријана Марионцу – Симовска, Катерина Таневска, Тања Балаќ Сарчевски, Сузана Поп – Икономова, Маријана Костојчиновска – Узунчева, Лидија Вујсиќ, Жаклина Глигориевска – Кочоска, Анита Велковска Крстевска, Ицко Петрески, Венко Цветков, Емилија Здравковиќ, Марија Николовска, Димитар Филиповски, Сашо Барјактаров, Елена Мишевска, Елена Дуковска, Филип Фидановски, Гоце Стоилковски, Мирослава Трујкановиќ – Микица

 

Професори по општо образовна настава 1948 – 2010

 

Димче Коцо, Мишко Радосављевиќ, Борис Чипан, Миланка Бочкова, Ѓорѓи Главинец, Антоние Николовски, Александар Матковски, Сисое Минчев, Душко Мишевски, Анастас Арнаудовски, Здравко Ковачевски, Илија Блажевски, Јанушев, Зоран Миросавлевиќ, Никола Вангеловски, Вера Стојчевска – Антиќ, Надежда Вавриновиќ, Маријана Тренчева, Надежда Димеска, Марија Јовановиќ, Станка Христова, Маријана Перинкова, Веселинка Ѓорѓиевиќ, Софија В’чкова, Игне Евтимовски, Дита Кајчевска, Ема Калајџиеска, Гордана Анзановска, Душко Сачмарски, Константин Иловски, Матилда Јозиќ, Ѓурѓелина Стојчевска, Миодраг Атанасовски, Лазар Стојановски, Војче Калемџиевски, Јане Боншаноски, Јагода Тодоровска, Васил Ивановски, Ана Груевска, Лилјана Ивановиќ, Наум Супелов, Слаѓана Дужевиќ, Екатерина Лазаревска, Васил Чочов, Тања Ристеска, Светлана Камџијаш, Петар митров, Анита Поповска, Елена Ангеловска, Маријана Димитрова, Биљана Талевска, Сузана Арсова, Весна Александрова, Коста Наумовски, Снежана Јаневска, Маргарита Ѓорѓиевска, Емилија Нацева, Благоја Стојковски, Љубица Каревска, Такис Андоникис, Снежана Коевска, Цветан Николовски, Владимир Гавровски, Тодор Пачаџиев, Бранка Минчева, Марина Говорко – Саздовска,Даниела Костова, Марија Василевска, Елена Лазаревска, Снежана Савевска, Илија Ивановски, Кристина Матеска, Каролина Јакимовска

Учители и демонстратори во училиштето 1950 – 1972

 

Томе Костовски, Нестор Алексиев, Блаже Јовевски, Славе Трајковски, Боро Крстевски, Никола Сретеновиќ, Аспарух Конески, Златко Ристевиќ, Димитар Филиповски, Александар Костадинов, Петар Ѓорѓиев – Пљум, Мирослава Спировска Славко Јосифовски, Ѓорѓи Чулаковски – Ѓото, Душан Мишевски, Мирка Поповска

Педагошка – психолошка служба во училиштето 1985 – 2010

Лијана Ивановиќ

Административно – техничка служба на училиштето 1956 – 2010

Тадија Џони, Елица Тасева, Трајче Димовски,Лилјана Кочковска, Цветанка Ѓорѓиева, Маријана Гериќ, Снежана Маџовска, Нада Јосифоска, Весна Илиќ, Сунчица Ристовска, Крсте Митревски, Никола Ќандов, Садри Абдулаи, Живко Крстеновски, Зоран Ѓорѓиевски, Оливера Николиќ

Модели во училиштето 1950 – 2010

Амдија Селимова, Фаат Јусуфов, Борка Стојановиќ, Нада Стојанова, Павлина Попова, Елмаз Агушев, Борика Сабо, Јагода Костадиновска, Загорка Тиц, Стојанка Стефановска, Срѓан Столиќ, Ненад Дошеновиќ, Ванчо Мирчевски, Оливер Смилевски

Хигиеничари во училиштето 1946 – 2010

Стоилко Рајковски, Коцка Божиновска, Пареса Наскова, Менка Христова, Благоја Наумовски, Марија Трајковска, Ратка Илиевска, Блашка Прокоповска, Елица Илиевска, Јосиф Блажевски, Трајанка Бошковска, Милица Ддимеска, Ирфан Реџепи

Чуварска служба на училиштето,

Мухарем Јонузи

 

ЛАЗАР ЛИЧЕНОСКИ

Лазар Личеноски (1901-1964) се јавува со своето творештво во времето на пресвртните општествени и политички промени  кои се од судбоносно значење за Македонија. Заедно со првата генерација современи македонски уметници : Никола Мартиноски, Димитар Пандилов, Василие Поповиќ-Цицо, Томо Владимирски, Вангел Коџоман, Љубомир Белогаски и Димо Тодоровски, тој е сведок на драматичните историски настани што водат, а потоа се и дел од борбата за националното ослободување на македонскиот народ.

Всушност, речиси четиридецениското творечко дејствување на Личеноски е во извесна смисла херојски потфат во процесот на создавањето и развојот на современата македонска ликовна уметност, која се надоврзува на брилјантниот визуелен материјал од средновековното културно наследство.  Навестувањата на првите профани композиции во делата на последните зографи (од коишто ја црпеа љубовта кон сликата), не значеа темелни поместувања од средновековието кон современиот израз, но сепак длабоко влиаеја врз Личеноски како ликовен поттик и континуитет на богатата средновековна визуелна ризница.

Личеноски, заедно со своите колеги од најстарата генерација, создава вид “аквадукт” меѓу постарата и новата епоха ;времето на Балканските војни и периодот по Втората светска војна.  Најголемиот дел од својот творечки пат (1921-1945) Личеноски го минал речиси целосно во Белград, со еден позначаен прекин од 1927 до 1929, кога престојува во Париз. Во Скопје се враќа по војната и останува во него до крајот на својот прерано згаснат живот. Некои од најзначајните дела, без кои не може да се следи развојниот процес на овој автор,  се создадени  во Белград. Најголемата збирка на неговите творби (околу стотина дела) се наоѓаат во куќата на Личеноски во Скопје  во која  ги минал последните години од животот и творештвото.

На прагот на 20 век Додека во почетокот на 20 век Европа ги премерува своите уметнички сили на Светската изложба во Париз,1900 година, “четирите јавачи на аполкалипса”: Жорж Сера, Пол Сезан, Винсент Ван Гог и Пол Гоген, ги напуштаат  одаите на постимпресионизмот и зачекоруваат во предворјето на новата епоха на модерното сликарство, Балканците во Гран Пале, како гости од провинција, се уште се залажуваат во историско, националните патетични епски композиции во византиските павилјони. Рефлективно, овие суштински поместувања се одразуваат со задоцнување и на Балканот, модифицирани според националните, културните и традиционалните белези, според духот и менталитетот на регионот, секогаш со едно око свртени кон Европа. Векови далеку од тој забревтан свет што граба кон новото столетие, Македонија се уште го носи бремето на петвековната отоманска окупација ( до 1912 година) по блескавиот расцут на средновековната уметност; запрена во својот зенит, така што почетоците на модерниот ликовен израз кај нас можат да се следат меѓу 1920 и 1930 година.

Влегувањето на Личеноски во белградскиот сликарски круг, 1921 година, коинцидира со третата генерација уметници кои масовно се школуваат на академиите и уметничките школи во странство: Прага, Фиренца, Будимпешта, Краков, Виена, но потоа брзаат во Париз да го корегираат, на свој начин, наученото. Во оваа, една од највиталните и најдинамичните децении во развојот на современата уметност, се преплетуваат локалните законитости на внатрешниот развој на уметноста и влијанијата од западна Европа ( Париз); Сезан, кубистите, новиот класицизам и експресионизам ( на обликот). Некако логично, според традиционалната шема на духот и менталитетот, овие влијанија доаѓаат во „девијантен“ вид : експресионизмот со зајакната тенденција кон традицијата, а кубизмот со неговата умерена варијанта на Андре Лот.

Како што во дијаметарот на кругот каде што се воспитувал Личеноски се правеше избор според личните законитости и традиционалните условености, за да се зачува внатрешниот развоен процес, во форма која се определи за стилот на „скршената и разочарана западноевропска авангарда“,  Личеноски направи уште едно лично преструктуирање,  сопствена цензура и селекција на она што посредно ( во Белград) и непосредно ( во Париз) го допрел. Допирот со изворите во Париз, за Личеноски значи и грижливо проучување на оние содржини на стилските определби од кои со внимателна избирливост ќе го определи комплексниот арсенал на својата слика, со особен пиетет кон Утрило, кон класичната фаза на Пикасо, како и кон експресивната егзалтација на колористичкиот вител на Делакроа, топењето на бојата кај Реноар  итн Враќање од Париз, Поинаквото навлегување во реалното, со интуиција и со спонтана сензација, непосредниот допир со природата и една релаксираност од конструктивниот императив на идеалното, во четвртата деценија се претвори во забревтан шум на сопствената крв и на индивидуалните егзистенцијални и судбински параметри.Всушност, процесите на сменувањето на двете спротивни ликовни естетики на третата ( формата) и четвртата( бојата) деценија, се случуваа во време на престојот на Личеноски во Париз.

Бојата станува понапластена, поинтензивна и ја нагласува предметноста на она што е најконкретно во сликарството- материјата. Во запуштените приградски и селски амбиенти и нивната елементарна рустична градба ги истакнува трагите  од грубото неимарење и пиктуралните вредности на излупените трошни ѕидови,  Општо земено, во оваа деценија, Личеноски ќе го кристализира ликовниот ракопис, ќе ги резимира и редуцира искуствата и ќе создаде најзначајни дела на својот творечки пат, ќе се определи за трајното, за македонското поднебје, за колористичката експресија, за широк експресивен потег до густи фактури создадени од колористичкиот сок. После барањата за стабилизирање на „дуелот“ меѓу формата и бојата ( 1929- 1931), Личеноски, набргу, благодарение на инспиративното и конструктивно патување низ Македонија ( 1930/31 и 1933/34), бојата ја сфаќа како материја.  До крајот на четвртата деценија и до средината на петтата, Лазар Личеноски веќе има кажано се во својата слика, ја има оформено и дефинирано ликовната мисла, тематската и мотивската ориентираност.

Од овој период неговото дело станува се „пореалистично“ и „маниристичко“, особено имајќи го предвид единствениот нов мотив – афионските полиња.  Оставајќи го зад себе носталгичниот инвентар на првите „обоени“ визии во своето ателје во Душанова улица , со последно „збогум“ Личеноски го напушти Белград, се врати конечно во Македонија( јануари 1945) да го врати својот сликарски долг и „антејски“ да ги обнови своите творечки сили од почвата, од која има „позајмено“ толку многу пејзажи, предели, теферичи, рибари, долапи… Кон крајот на творечкиот и животен пат  Во педесеттите години се навраќа и на некои други, порано користени мотиви,повторувајќи ја веќе рутинираната сликарска постапка.

Заморен од варијациите на пејзажот и веќе пополнетиот тематски репертоар, полека стивнуваа смелоста и замавот, но сепак ја разгоре последната искра во расцутените афионски полиња,  Ткајач на македонскиот мотив, во одморот меѓу афионите, Личеноски го бара мирот во тивката атмосфера на „Сликарското ателје во Галичник“, 1963 година, од каде што за последен пат топло го погледна неговиот извор на вечноста – Галичник, неговиот заборав и слатка тага, неговата носталгија и радост, негова совест и живот, копнеж уште еднаш да го вдахне стаклестиот остар мијачки воздух и онаа мемлива миризба на бачилата што остана да не сеќава на творецот на најживописната етнолошка слика на Македонија.

Викторија Васева Димеска