На 11 Јули 2019 год. во Галерија Лазар Личеноски -Скопје, во 20 часот ќе биде отворена изложбата РЕЛАЦИИ со дела од двајцата млади уметници-Игор Таневски и Александра Костадиновска. Воедно на изложбата ќе бидат изложени делата на учениците од училиштето ДСУЛУД „ Лазар Личеноски ” – Скопје кои учестуваа на работилницата ReBreathSk која се одржи во Ботаничката градина на ПМФ- Скопје.
Ученици:
Георгиевска Ангела
Нешовиќ Ѓорѓе
Бутеска Јана
Ќурчиева Марија
Милошевска Сара
Ќамилова Марија
Атанасовска Ивана
Бенко Бисера
Љубеновиќ Николина
Ментори:
проф. Микица Трујкановиќ и проф. Катерина Таневска

Во организација на Музеј на град Скопје, а финансиски подржано од Град Скопје во рамките на CreArt (Network of Cities for Artistic Creation) /Европски ден на креативност,преку изложбениот концепт „Калеидоскоп“ 2019, Музеј на град Скопје, продолжува да застапува еден од основните приоритети на CreArt –презентација на локални креативни таленти и уметници, со нивните дела зад кои стојат различни културни багажи и гледишта.