Во рамки на проектот „Скопје, трезор на културното наследсво“ кој се реализира со поддршка од Град Скопје, од 11 до 13 ноември, во Музејот на град Скопје, се одржа работилница насловена „Градот убав“, во соработка со учениците од ДСУЛУД „Лазар Личеноски“од Скопје. На работилницата учениците под менторство на проф.Марија Рашковиќ, цртаа, сликаа, создаваа уметнички дела инспирирани од најпознатите обележја на градот.