Во периодот од 22 – 25 јуни се одржа 4-та Младинска керамичка работилница. Учениците изработуваа грнчарски производи во духот на традицијата, под менторство на проф. М-р Гоце Стоилковски и проф. Јован Наумовски. Работилницата се одвиваше во селото Вранештица во грнчарската работилница на мајстор Слободан Столевски. Овој проект се реализира во соработка на ДСУЛУД ,, Лазар Личеноски” и НУ Центар за култура ,,Кочо Рацин ,, Кичево, а истиот е подржан од Министерството за култура на РМ. Изработените дела од страна на 8- те ученици кои твореа на оваа работилница ке бидат изложени во галеријата на ДСУЛУД ,,Лазар Личеноски ” на 15.11.2018 со почеток од 20:00 часот.