Во овој отсек се оспособуваат дизајнери на ентериер и мебел кои можат со успех да вршат работни задачи како ентериеристи за ликовна обработка на простор и мебел, саемски и изложбени поставки, сценски изведби, советници во салони за продажба на мебел, активности во производството на сериски или уникатен мебел и индустриски производи, како и во ликовното подготвување на проекти за реализација на нови идејни решенија на ентериер и мебел.

Овој отсек ги даде не само пионерите на проектирањето мебел и внатрешна архитектура, но и континуирано обезбедуваше кадри за индустријата на мебел од кои многумина од нив постигнаа врвни резултати и освоија вредни признанија во земјата и надвор од неа.