Донација за штитениците од Заводот за рехабилитација на деца со посебни потреби во општината Бутел

Државниот секретар Елизабета Тодоровска и директорот на ДСУПУ „Лазар Личеновски“ Димитар Филиповски, денес 29.03.2013 година, ја предадоа донацијата во вредност од 50.000 денари на штитениците од Заводот за рехабилитација на деца со посебни потреби во општината Бутел.

Средствата од донацијата, која се состои во техничка опрема, беа обезбедени од хуманитарната изложба организирана од учениците и вработените во Државното средно училиште за применети уметности „Лазар Личеновски“.

 

donacija-butel-01