Овој отсек  оспособува дизајнери на керамика, порцелан и стакло, кои си го наоѓале своето место во керамичката индустрија и во индустријата за стакло. Во своето богато историско минато овие кадри учествувале во дизајнирање и ликовна обработка на градежната и санитарна керамика, декоративната и уникатна керамика, керамичкото сликарство, порцеланот и стаклото, сувенирите, бижутеријата, реставрацијата, конзервацијата и копирањето на археолошко-керамичкото културно богатство. А денес, дизајнерите на керамика се активни и на ликовното културно-уметничко поле со свои ликовни керамички творби, како и во индустријата.

И денес овој отсек со успех и традиционална креативност оспособува кадри од оваа област, творци и дизајнери за керамички производи.