НПП
Најчесто поставувани прашања :
1. Дали може по вонреден пат да се образуваат лица , со полагање на испити за одреден план и програма во училиштетo ?
Согласно Статутот на ДСУПУ „Лазар Личеноски“ , вонреден ученик по правило може да биде лице кое завршило најмалку 2 години образование како редовен ученик во училиштето и исполнува еден од условите:
-да е постар од 17 години;
-да е на боледување подолг период;
-да е во работен однос;
-да му е изречена педагошка мерка отстранување од училиштето.
2. Кои ученици не ја завршуваат годината по завршување на учебната година?
Учениците кои по завршувањето на учебната година имаат три и повеќе негативни оценки не ја завршуваат годината.
Годината не ја завршуваат и учениците кои на поправниот испит во вториот испитен рок добиле негативна оценка или неоправдано не се јавиле на поправниот испит.Овие ученици имаат право повторно да се запишат во истата година.
Ученикот кој во последната година од образованието на крајот од учебната година има најмногу две негативни оценки, може да ги полага поправните испити и по вториот испитен рок.
3. Кои се правата на ученикот ако не е задоволен со некои од годишните оценки што му се соопштени?
Ако ученикот не е задоволен од некои од годишните оценки што му се соопштени , во рок од три дена има право да поднесе приговор до Наставничкиот совет на училиштето.
Наставничкиот совет може да одлучи оценката да ја потврди, да ја измени или да огранизира повторно проверување на знаењето на ученикот.
Доколку се организира повторно проверување на знаењето на ученикот, директорот формира комисија, во која по правило, влегува раководителот на паралелката и два наставници од соодветниот или сроден предмет.
4. Кога ученикот се упатува на испит на годината ?
Ученикот кој од оправдани причини не ја следел наставата 200 часа од предвидениот број на часови и нема елементи за изведување на годишна оценка, полага испит на годината.
Оправданоста на причините ја утврдува Наставничкиот совет на училиштето.
Ученикот кој во текот на наставната година направил вкупно најмалку една третина оправдани и неоправдани изостаноци од фондот наставни часови од одредени предмети утврдени со наставниот план, полага испит на годината по тие предмети.
5. Кога ги полагаат учениците поправните и испитите на годината ?
Согласно Правилникот за начинот на следење, проверување и оценување,полагање на испити и напредување на учениците во средното училиште , учениците поправни испити полагаат во два испитни рока : јуни и август. Ученикот кој нема да го положи испитот во јуни има право да го полага испитот и во августовскиот испитен рок.Ученикот кој од неоправдани причини не се јавил на испит или го прекинал испитот му останува негативната оценка и ја повторува годината.
Испитите на годината по одделни предмети предмети учениците ги полагаат во два испитни рока : јуни и звгуст.
6. Кога учениците ги полагаат дополнителните испити кои се полагаат при премин од еден во друг вид на програми во средното образование ?
Согласно Правилникот за начинот на следење, проверување и оценување,полагање на испити и напредување на учениците во средното училиште , дополнителните испити учениците ги полагаат во три испитни рока : август, септември и октомври, а најдоцна до крајот на првото полугодие. Во еден ден ученикот може да полага еден предмет.
7. Кога вонредните ученици ги полагаат испитите ?
Согласно Правилникот за начинот на следење, проверување и оценување,полагање на испити и напредување на учениците во средното училиште , вонредните ученици испитите ги полагаат најмалку во шест испитни рока : јуни, август, октомври, декември, февруари и април. Бонредниот ученик во еден испитен рок може да пријави за полагање најмногу три предмети. Во еден ден ученикот може да полага еден предмет.
8. Со оглед на тоа што средното образование е задолжително и бесплатно , какви права имаат учениците околу превозот од местото на живеење до училиштето?
За ученик кој е со статус на редовен ученик во училиштето се организира бесплатен превоз до училиштето, ако ученикот не се смести во ученички дом. Ученикот има право на бесплатен превоз ако местото на живеење е оддалечено најмалку 2,5 километри од училиштето и ако избраната струка и профил не е застапена во општината во која ученикот живее .
За ученикот кој користи сместување и исхрана во ученички дом не се организира бесплатен превоз до дома за време на викендите, освен за учениците со посебни потреби. Ученикот со посебни образовни потреби и лицето за негова придружба имаат право на бесплатен превоз без оглед на оддалеченоста на нивното место на живеење до училиштето.
Начинот на организирањето на бесплатниот превоз на учениците со посебни образовни потреби и лицата за нивна придружба, од местото на живеење, го утврдува министерот.
9. Каква матура полага ученикот по завршување на последната година на образованието во училиштето?
Ученикот по сопсвен избор полага државна или училишна матура по утврдени програми .
10. Кога се полага државна или училишна матура ?
Учениците државна и училишна матура полагаат во два испитни рока јунски и августовски
11. Каде можат да го продолжат образованието учениците по завршување на училиштето?
Учениците кои полагаат државна матура можат да се запишат на државни и приватни факултети за кои ги исполнуваат условите на Конкурсот за запишување на студенти на одделните факултети. ( Факултет за ликовни уметности, Факултет за драмски уметности, Филозовски и Филолошки факултет , Државен универзитет во Тетово, Универзитет УЈЕ, Факултет ЕСРA Скопје, Американ колеџ, ФОН, Европски универзитет и др. факултети во земјата и странство).