На 26.03 2013 година, т.е на патрониот празник на училиштето, беше организирано посетена ретроспективната изложба на познатиот сликар Александар Станковски. Учениците, не само што имаа убава можност одблизу да се запознаат со творештвото на  Станковски, туку имаа и една прекрасна прилика  да  погледаат и документарен филм за Станковски, како и една ексклузивна можност за впивање на искуство и тоа директно преку предавањето на сликарот Станковски.

Тоа беше една прекрасна беседа за уметноста, и на глобално и на локално поле, за почетоците, за инспирацијата,  и воопшто за сите оние битни никулци на потикнување на творечка активност, која  е особено битна кај средношколците од нашето средно уметничко училиште.