Во отсекот се оспособуваат сликарски дизајнери кои ќе можат да реализираат задачи во разни сликарски техники во урбано – архитектонски средини, ентериери, сценографии за театар, филм и телевизија, во институциите за заштита на културно-историските споменици (реставрација, конзервација и копирање археолошки и други експонати) како и со можноста за индивидуални ликовни активности.

Во ателјеата на овој отсек се образоваа успешни кадри, ликовно, тхеничко -технолошки подготвени кои се издигнаа високо и се прославија во својата земја и надвор од неа.