Соработка со Петар Лубарда
Во текот на 2006 и 2007 година беше остварена соработка на ДСУЛУД “Лазар Личеноски” со училиштето за применета уметност “Петар Лубарда” од Црна Гора.
Најпрво делегација од Лазар Личеноски составена од наставници и ученици го посети Петар Лубарда, а потоа во 2006 година делегација од Петар Лубарда ја возврати посетата при што и во двата случаи завршницата беше отворање на соодветни изложби на кои беа наградени ученици од двете училишта, како и разменети соодветни искуства меѓу наставниците како и учениците.