Согласно конкурсот од Министерството за образование и наука за запишување ученици во јавните средни училишта во учебната 2020/2021 година во Република Македонија, Училишната комисија, за спроведување на Конкурсот за запишување на ученици во јавните средни училишта,  за учебната 2020/21 година објавува:

ИНТЕРЕН       ОГЛАС

за упис на ученици во I година во државното средно училиште за ликовна   уметност и дизајн  – Лазар  Личеноски  – Скопје.

            Во прва година во учебната 2020/2021 година ќе се запишат 68 ученици во 2 паралелки со настава на  македонски јазик и според наставните планови и програми за:

   Уметничко образование – ликовна уметност и дизајн

  • сликарски дизајнер         .        12 ученици       4 г.тр.    45 минимум поени
  • мултимедиски дизајнер           12 ученици       4 г.тр.    45 минимум поени
  • вајарски дизајнер .          6 ученици       4 г.тр.    45 минимум поени
  • дизајнер за керамика            5 ученици       4г.тр      45 минимум поени
  • графички дизајнер              11 ученици       4г.тр     45 минимум поени                            
  • дизајнер за текстил и облека
  • 11 ученици       4 г.тр.    45 минимум поени                            
  • дизајнер за ентериер,  мебел и  индустриски производи

    11 ученици       4г.тр      45 минимум поени

                                        

                  

                                                                              

Услови  за  запишување  на  учениците

 

  • Учениците да имаат завршено основно образование, а можат да се запишат и надарени ученици со незавршено основно образование доколку освојат максимален број поени на стручниот  испит (100  поени), по претходна писмена согласност од Министерството за образование и наука на Р.Македонија врз основа на предлог од училиштето, со обврска паралелно да се здобијат со основно образование;
  • да не се постaри од 17 години;
  • да го положиле стручниот приемен испит;
  • да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој Оглас.

Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат во училиштето ако имаат до 10% помалку поени од општите критериуми од предвидените со овој Оглас, за соодветните наставни планови и програми и ако ги задоволат дополнителните критериуми предвидени со стручниот приемен испит.

 

Потребни документи за запишување

 

  • пријава за запишување која ја добива од Училиштето бесплатно; (се превзема од веб сајтот на училиштето)
  • оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
  • дипломи (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од (мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија, географија, ликовно образование и историја;
  • извод од матична книга на родените (без оглед на датумот на издавањето);
  • уплатница со уплатени 1000,00 денари со цел на дознака за приемен испит: Банка на примачот Народна банка на Р.Македонија 100000000063095; сметка на буџетски корисник 1600103344 787 17; приходна шифра 723013 – 30;

– потврда од службата за вакцинација во соодветната здравствена установа за вакциналниот статус на ученикот.   

 

 КОНКУРСНИ РОКОВИ

 

Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во јунскиот уписен рок со три пријавувања

 

Прво  пријавување

 

Прием на документи: 16 и 17 јуни 2020 година

Полагање на стручниот приемен испит:

18.06.2020 година со почеток во 9 часот

 цртање по гипсан портрет или портрет по жив моде

19.06.2020 година со почеток во 9 часот

цртање на мртва природа

 

Резултатите од стручниот приемниот испит и слободните места ќе се објават на огласна табла на училиштето и на училишниот веб сајт на 20.06.2020 година.

Рокот за поднесување на приговори од ученици е до 23.06.2020 година.

 

НАПОМЕНА:

Во првото пријавување – јунски уписен рок, учениците треба да освојат минимум 45 поени, по основ на општи критериуми за да можат да конкурираат за упис во Училиштето. Од таа причина се советуваат учениците сами да си пресметаат дали го задоволуваат овој  услов, а потоа да се обратат до Училиштето за поднесување на документи.

Учениците од ромската етничка заедница треба да освојат минимум 40,5 поени по основ на општи критериуми за да можат да конкурираат за упис во Училиштето.

Документите треба лично да се достават во Училиштето, т.е. да не се праќаат  по  пошта.

Пријавувањето се врши лично со ученикот т.е. со родителот или  старателот.

Учениците кои ја повторувале годината со завршувањето на наставната година, имаат обврска да се запишат во првиот уписен рок.

НАПОМЕНА:

При пополнување на пријавата за запишување, ученикот кој ќе ја следи наставата на македонски јазик, се пријавува за сите 7 изборни подрачја со редослед што ќе го напише самиот по сопствен избор, а распоредувањето по изборни подрачја го определува Комисијата за рангирање врз основа на освоените поени на стручниот приемен испит.

        На  пример:  

                                  –  сликарски дизајнер                           

                       или     –  мултимедиски дизајнер

                                  –  вајарски дизајнер

                         –  дизајнер за керамика

                                      –  графички дизајнер

                                  – дизајнер на текстил и облека

                                  – дизајнер за ентериер и мебел и индустр. производи.

Во исто време ученикот на одреден лист – образец кој ќе го добие од Училиштето го запишува своето презиме, татково име и име, место на живеење и адреса, име и место на основното училиште од кое доаѓа, ги запишува сите 7 изборни подрачја по редослед што ќе го напише по сопствен избор исто како во пријавата.

Листот – образец го зема со себе и истиот го приложува во плик кон цртежот од стручниот дел на приемниот испит.

Доколку Училиштето по првото пријавување во јунскиот уписен рок не го пополни потребниот број на ученици, ќе врши упис на ученици и во второто пријавување во јунскиот уписен рок.

 

 По објавување на ранг листите со резултатите од запишувањето. Учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигаат целокупната доставена документацијаподнесена во училиштето во рок од 48 часа.

 

Второ  пријавување

Прием на документи: 24 и 25 јуни 2020 год.

Полагање на стручниот испит  и тоа:

  • 26 јуни 2020 година со почеток во 9 часот

 цртање по гипсан портрет или портрет по жив модел

  • 26 јуни 2020 година со почеток во 12 часот

 цртање на мртва природа

Резултатите од стручниот приемниот испит и слободните места ќе се објават на огласна табла на училиштето на 26.06.2020 година.

Рокот за поднесување на приговори од ученици е до 29.06.2020 година.

 

Трето  пријавување

Прием на документи: 29 јуни 2020 год.

Полагање на стручниот испит и тоа :

  • 30 јуни 2020 година со почеток во 9 часот

 цртање по гипсан портрет или портрет по жив модел

  • 30 јуни 2020 година со почеток во 12 часот

 цртање на мртва природа

Резултатите од стручниот приемниот испит и слободните места ќе се објават на огласна табла на училиштето на 30.06.2020 година.

Рокот за поднесување на приговори од ученици е до 01.07.2020 година.

 

 

НАПОМЕНА:

Учениците заради утврдување на нивниот идентитет потребно е на полагањето на стручниот испит да носат ученичка книшка од основно образование со заверена фотографија.

 

 

Учениците кои се упатени на поправни испити, испити на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштето доколку има останато слободни места после јунскиот рок, на 24 август 2020 година, за што доставуваат доказна документација.

 

 

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

 

Општи   критериуми за избор

 

  • среден успех на ученикот од VI до IX одделение;
  • среден успех на ученикот постигнат по четирите предмети (мајчин јазик, странски јазик, ликовно образование и историја);
  • дипломи за освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија од Министерството за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија, географија, ликовно образование и историја;
  • средна вредност од поени добиени за поведение.

За средниот успех од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо, осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).

За средниот успех постигнат од четирите наставни предмети (мајчин јазик, странски јазик, ликовно образование и историја), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).

За освоено место од меѓународни и државни натпревари ученикот може да добие најмногу 5 поени (за освоено место на меѓународни натпревари 5 поени, за освоено место од државни натпревари; 3 поени за прво место, 2 поени за второ место и 1 поен за трето место.) На ученикот му се вреднува само една диплома која носи најмногу поени.

За средна вредност од поените за поведение од VI до IX  одделение ученикот може да добие најмногу 5 поени (примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо  и деветто одделение поделен со 4.)

Ученикот  по  сите  општи  критериуми  може  да  добие  најмногу  80  поени.

 

НАПОМЕНА:

      Во првото пријавување – јунски уписен рок,  учениците треба да освојат минимално 45 поени, по основ на горенаведените општи критериуми за да можат да конкурираат за упис во Училиштето. Од таа причина се советуваат учениците сами да си пресметаат дали го задоволуваат овој услов, а потоа да се обратат до Училиштето за поднесување на документи. Учениците од ромската етничка заедница треба да освојат минимум 40,5 поени по основ на општи критериуми за да можат да конкурираат за упис во Училиштето.

 

За учениците кои завршиле деветто одделение во Република Македонија, а едно, две или три одделенија (VI, VII или VIII одделение) во странство, за тие одделенија се зема успехот од деветто одделение и важат истите критериуми за избор на ученици утврдени во огласот.           

                        

Дополнителни критериуми за избор

 

Стручен испит

 

Стручниот приемен испит за сите изборни подрачја според планот и програмите за уметничко образование – ликовна уметност и дизајн се состои од два цртежи и тоа:

  • цртање по гипсан портрет или портрет по жив модел
  • цртање на мртва природа

 

За секој цртеж ученикот може да добие најмногу 50 поени, вкупно 100 за двата цртежи.

 

НАПОМЕНА:

Ученикот треба да освои минимум 25 поени за секој цртеж по основ на дополнителните критериуми за да биде рангиран во бодовната листа.