Уписи
Согласно конкурсот од Министерството за образование и наука за запишување ученици во јавните средни училишта во учебната 2023/2024 година во Република Северна Македонија, Училишната комисија за спроведување на Конкурсот за запишување на ученици во јавните средни училишта, за учебната 2023/24 година објавува:
ИНТЕРЕН ОГЛАС
За упис на ученици во I година во Државното Средно Училиште за Ликовна Уметност и Дизајн – “Лазар Личеноски” – Скопје
Во прва година во учебната 2023/2024 година ќе се запишат 102 ученици во 3 паралелки (68 ученици во 2 паралелки со настава на македонски јазик и 34 ученици во 1 паралелка со настава на албански јазик) според наставните планови и програми за:
Уметничко образование, ликовна уметност и дизајн – 102 ученици, 3 паралелки
|
|||||||
Образовен профил | Наставен јазик | Бр. на ученици | Години образоавние | Поени | |||
Сликарски дизајнер | македонски | 12 ученици | 4 години | 45 минимум поени | |||
Мултимедиски дизајнер | македонски | 12 ученици | 4 години | 45 минимум поени | |||
Вајарски дизајнер | македонски | 10 ученици | 4 години | 45 минимум поени | |||
Графички дизајнер | македонски | 12 ученици | 4 години | 45 минимум поени | |||
Дизајнер за текстил и облека | македонски | 11 ученици | 4 години | 45 минимум поени | |||
Дизајнер за ентериер, мебел и
индустриски производи |
македонски | 11 ученици | 4 години | 45 минимум поени | |||
Вајарски дизајнер | албански | 12 ученици | 4 години | 45 минимум поени | |||
Дизајнер за ентериер, мебел и
индустриски производи |
албански | 11 ученици | 4 години | 45 минимум поени | |||
Дизајнер за текстил и облека | албански | 11 ученици | 4 години | 45 минимум поени | |||
Услови за запишување на учениците
УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИ ВО ПРВА ГОДИНА СЕ:
- УЧЕНИКОТ ДА ИМА ЗАВРШЕНО ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ (во средното уметничко образование може да се запишат и надарени ученици, а со незавршено редовно основно образование, по претходна писмена согласност од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија врз основа на предлог од училиштето, со обврска паралелно да се здобијат со основно образование);
- УЧЕНИКОТ ДА НЕ Е ПОСТАР ОД 17 ГОДИНИ;
- УЧЕНИКОТ ДА СЕ ОПРЕДЕЛИЛ ЗА ПЛАН И ПРОГРАМА ЗА СРЕДНО УМЕТНИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ;
- УЧЕНИКОТ ДА ГИ ИСПОЛНУВА КРИТЕРИУМИТЕ УТВРДЕНИ СО ОВОЈ КОНКУРС;
- ДА ГО ПОЛОЖИЛ ПРИЕМНИОТ ИСПИТ;
- ПОСЕБНИ УСЛОВИ УТВРДЕНИ ОД ОВОЈ УЧИЛИШЕН ЦЕНТАР :
ЗА УЧЕНИЦИТЕ КОИ ЗАВРШИЛЕ ДЕВЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, А ЕДНО, ДВЕ ИЛИ ТРИ ОДДЕЛЕНИЈА (VI, VII ИЛИ VIII ) ЗАВРШИЛЕ ВО СТРАНСТВО, ЗА ТИЕ ОДДЕЛЕНИЈА СЕ ЗЕМА УСПЕХОТ ОД ДЕВЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ И ВАЖАТ ИСТИТЕ КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИТЕ ДАДЕНИ ВО КОНКУРСОТ.
УЧЕНИЦИТЕ ОД РОМСКА ЕТНИЧКА ЗАЕДНИЦА МОЖАТ ДА СЕ ЗАПИШАТ ВО ОДРЕДЕНО ЈАВНО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ АКО ИМААТ ДО 10% ПОМАЛКУ ПОЕНИ ОД БРОЈОТ НА ПОЕНИ ПРЕДВИДЕНИ СОГЛАСНО КОНКУРСОТ ЗА СООДВЕТНИТЕ НАСТАВНИ ПЛАНОВИ И ПРОГРАМИ И АКО ГИ ЗАДОВОЛУВААТ ДОПОЛНИТЕЛНИТЕ КРИТЕРИУМИ ЗА ИСПИТ НА ЗНАЕЊЕ И ВЕШТИНИ ВО УЧИЛИШТЕТО.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ за запишување
По објавување на прелиминарната ранг листа, учениците кои се на листата ја доставуваат следната документација:
– ПРИЈАВА ЗА ЗАПИШУВАЊЕ – пријава за запишување изготвена од Министерството за образование и наука објавена на официјалната веб страница;
– ОРИГИНАЛНИ СВИДЕТЕЛСТВА ОД VI-IX ОДДЕЛЕНИЕ;
– ДИПЛОМИ (ДОКОЛКУ ИМААТ) ОД ОСВОЕНИ (I, II И III) МЕСТА ОД МЕЃУНАРОДНИ И ДРЖАВНИ НАТПРЕВАРИ ОД МАЈЧИН ЈАЗИК, СТРАНСКИ ЈАЗИК И ЛИКОВНО ОБРАЗОВАНИЕ.
– ИЗВОД ОД МАТИЧНА КНИГА НА РОДЕНИТЕ (БЕЗ ОГЛЕД НА ДАТУМ НА ИЗДАВАЊЕ);
– УПЛТНИЦА СО УПЛАТЕНИ 1000 ДЕНАРИ НА ДСУЛУД “ЛАЗАР ЛИЧЕНОСКИ“ – СКОПЈЕ ДЕПОНЕНТ НА НБРМ 100000000063095 Трансакциска сметка на корисник 1600103344 787 17 Приходно конто 723013 програма 30 со назнака ЗА ПРИЕМЕН ИСПИТ
- ПРИЈАВУВАЊЕТО СЕ ВРШИ ЛИЧНО ОД СТРАНА НА УЧЕНИКОТ, НЕГОВИОТ РОДИТЕЛ ИЛИ СТАРАТЕЛ
УЧЕНИЦИТЕ КОИ СЕ УПАТЕНИ НА ПОПРАВНИ ИСПИТИ, ИСПИТ НА ГОДИНАТА, ИСПИТИ ЗА ПОБРЗО НАПРЕДУВАЊЕ, МОЖЕ ДА СЕ ЗАПИШАТ ВО УЧИЛИШТАТА ВО КОИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА ПОСЛЕ ЈУНСКИОТ РОК.
ПРИЈАВУВАЊЕ НА ОВИЕ УЧЕНИЦИТЕ ЌЕ СЕ ВРШИ НА 21 АВГУСТ 2023 ГОДИНА ДО 24:00 ЧАСОТ. РАНГ ЛИСТАТА НА ЗАПИШАНИ УЧЕНИЦИ СЕ ОБЈАВУВА НА 22 АВГУСТ 2023 ГОДИНА НА https://e-uslugi.mon.gov.mk И НА ИНТЕРНЕТ СТРАНАТА www.mon.gov.mk НАЈДОЦНА ДО 09:00 ЧАСОТ. ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА ДО УЧИЛИШТЕТО Е НА 22 АВГУСТ ОД 10:00 ДО 19:00 ЧАСОТ, СОГЛАСНО ИЗГОТВЕН РАСПОРЕД ОД СТРАНА НА УЧИЛИШТЕТО.
ПРИЕМНИОТ ИСПИТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА 23 АВГУСТ СО ПОЧЕТОК ВО 09:00 ЧАСОТ ПРВ ДЕЛ (МРТВА ПРИРОДА) И ВТОР ДЕЛ СО ПОЧЕТОК ОД 12:00 ЧАСОТ (ПОРТРЕТ).
КОНЕЧНАТА РАНГ ЛИСТА ЗА СЕКОЕ УЧИЛИШТЕ СО РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ЗАПИШУВАЊЕТО ЌЕ СЕ ОБЈАВИ НА 23 АВГУСТ 2023 ГОДИНА, НАЈДОЦНА ДО 16:00 ЧАСОТ НА ОГЛАСНА ТАБЛА НА УЧИЛИШТЕТО И НА www.mon.gov.mk
ПРИЈАВУВАЊЕТО И ЗАПИШУВАЊЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ ЌЕ СЕ ВРШИ ВО ЕДЕН УПИСЕН РОК СО ДВЕ ПРИЈАВУВАЊА ВО МЕСЕЦ ЈУНИ.
ПРИЈАВУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ЌЕ СЕ ВРШИ ПРЕКУ ЕЛЕКТРОНСКО АПЛИЦИРАЊЕ, ПРЕКУ ЛИНК ДО ПОРТАЛОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ УСЛУГИ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА https://e-uslugi.mon.gov.mk СО СПЕЦИЈАЛНА НАЈАВА ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ ПРЕКУ СОПСТВЕНИТЕ КОРИСНИЧКИ СМЕТКИ НА schools.mk.
ПРВОТО ПРИЈАВУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ЌЕ СЕ ВРШИ НА 20 ЈУНИ ОД 09:00 ДО 24:00 ЧАСОТ И НА 21 ЈУНИ 2023 ГОДИНА ДО 15:00 ЧАСОТ. ПРЕЛИМИНАРНА РАНГ ЛИСТА НА УЧЕНИЦИ СЕ ОБЈАВУВА НА 22 ЈУНИ 2023 ГОДИНА НА https://e-uslugi.mon.gov.mk И НА ИНТЕРНЕТ СТРАНАТА www.mon.gov.mk НАЈДОЦНА ДО 09:00 ЧАСОТ.
ПРИЕМ НА ДОКУМЕНТИ ВО УЧИЛИШТЕТО – 22 ЈУНИ ОД 12:00 ДО 19:00 ЧАСОТ И НА 23 ЈУНИ 2023 ГОДИНА ОД 07:00 ДО 19:00 ЧАСОТ. ПРЕЛИМИНАРНА РАНГ ЛИСТА НА УЧЕНИЦИ СЕ ОБЈАВУВА НА 23 ЈУНИ 2023 ГОДИНА ДО 20.00 ЧАСОТ, ПРЕЛИМИНАРНАТИТЕ ЛИСТИ ЌЕ СЕ ОБЈАВАТ НА ОГЛАСНА ТАБЛА, ИНТЕРНЕТ СТРАНАТА НА УЧИЛИШТЕТО И НА www.mon.gov.mk.
СТРУЧЕН ПРИЕМЕН ИСПИТ ЌЕ СЕ ОРГАНИЗИРА ВО УЧИЛИШТЕТО НА 24 ЈУНИ 2023 ГОДИНА СО ПОЧЕТОК ОД 09.00 ЧАСОТ ДО 12.00 ЧАСОТ И НА 26 ЈУНИ 2023 ГОДИНА СО ПОЧЕТОК ОД 09.00 ЧАСОТ ДО 12.00 ЧАСОТ, А КОНЕЧНИТЕ РАНГ ЛИСТИ СО РЕЗУЛТАТИТЕ ЌЕ СЕ ОБЈАВАТ НА 26 ЈУНИ 2023 ГОДИНА, до 20.00 часот, НА ОГЛАСНА ТАБЛА, ИНТЕРНЕТ СТРАНАТА НА УЧИЛИШТЕТО И НА www.mon.gov.mk.
ВТОРОТО ПРИЈАВУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ЌЕ СЕ ВРШИ НА 27 ЈУНИ ОД 09:00 ДО 24:00 ЧАСОТ И НА 28 ЈУНИ 2023 ГОДИНА ДО 15:00 ЧАСОТ. ПРЕЛИМИНАРНА РАНГ ЛИСТА НА УЧЕНИЦИ СЕ ОБЈАВУВА НА 29 ЈУНИ 2023 ГОДИНА НА https://e-uslugi.mon.gov.mk И НА ИНТЕРНЕТ СТРАНАТА www.mon.gov.mk НАЈДОЦНА ДО 09:00 ЧАСОТ.
ПРИЕМ НА ДОКУМЕНТИ ВО УЧИЛИШТЕТО – 29 ЈУНИ ОД 12:00 ДО 19:00 ЧАСОТ И НА 30 ЈУНИ 2023 ГОДИНА ОД 07:00 ДО 19:00 ЧАСОТ . ПРЕЛИМИНАРНА РАНГ ЛИСТА НА УЧЕНИЦИ СЕ ОБЈАВУВА НА 30 ЈУНИ 2023 ГОДИНА ДО 20.00 ЧАСОТ, ЛИСТИТЕ СО РЕЗУЛТАТИТЕ ЌЕ СЕ ОБЈАВАТ НА ОГЛАСНА ТАБЛА, ИНТЕРНЕТ СТРАНАТА НА УЧИЛИШТЕТО И НА www.mon.gov.mk.
СТРУЧЕН ПРИЕМЕН ИСПИТ ЌЕ СЕ ОРГАНИЗИРА ВО УЧИЛИШТЕТО НА 01 ЈУЛИ 2023 ГОДИНА СО ПОЧЕТОК ОД 09.00 ЧАСОТ ДО 12.00 ЧАСОТ И НА 03 ЈУЛИ 2023 ГОДИНА СО ПОЧЕТОК ОД 09.00 ЧАСОТ ДО 12.00 ЧАСОТ, А КОНЕЧНИТЕ РАНГ ЛИСТИ СО РЕЗУЛТАТИТЕ ЌЕ СЕ ОБЈАВАТ НА 03 ЈУЛИ 2023 ГОДИНА,до 20.00 часот, НА ОГЛАСНА ТАБЛА, ИНТЕРНЕТ СТРАНАТА НА УЧИЛИШТЕТО И НА www.mon.gov.mk.
КОНКУРСНИ РОКОВИ
Прво пријавување
Прием на документи : 22 и 23 јуни 2023 година
Полагање на стручниот приемен испит:
24.06.2023 година година со почеток во 9 часот (цртање на мртва природа)
- 06. 2023 година со почеток во 9 часот (цртање на портрет по модел на гипсана глава)
Резултатите од стручниот приемниот испит и слободните места ќе се објават на огласна табла и интернет страницата на училиштето и на www.mon.gov.mk на 26. 06.2023 година, до 20.00 часот.
Рокот за поднесување на приговори од ученици е до 27.06.2023 година.
Напомена :
Учениците заради утврдување на нивниот идентитет потребно е на полагањето на стручниот испит да носат ученичка книшка од основно образование со заверена фотографија.
Во текот на полагањето на приемниот испит учениците не смеат да носат мобилен телефон или било каков уред со кој може да се фотографира. Секој кој ќе биде виден дека користи веднаш го губи правото на полагање на истиот и ќе биде отстранет од полагањето.
Во првото пријавување – јунски уписен рок, учениците треба да освојат минимум 45 поени, по основ на општи критериуми за да можат да конкурираат за упис во Училиштето. Од таа причина се советуваат учениците сами да си пресметаат дали го задоволуваат овој услов, а потоа да се обратат до Училиштето за поднесување на документи.
Учениците од ромската етничка заедница треба да освојат минимум 40,5 поени по основ на општи критериуми за да можат да конкурираат за упис во Училиштето .
Документите треба лично да се достават во Училиштето, т.е. да не се праќаат по пошта.
Пријавувањето се врши лично со ученикот т.е. со родителот или старателот.
Учениците кои ја повторувале годината со завршувањето на наставната година, имаат обврска да се запишат во првиот уписен рок.
Напомена :
Според Правилник за прием на нови ученици од Уметничкиот актив, при пополнување на пријавата за запишување, ученикот кој ќе ја следи наставата на македонски јазик се пријавува само за еден образовен профил при што комисијата за рангирање ги рангира спрема бодовите, оние што се над прагот кој е претходно утврден на Уметнички актив влегуваат во одделот кој го избрале.
Во исто време ученикот на одреден лист-образец кој ќе го добие од Училиштето го запишува своето презиме, татково име и име, место на живеење и адреса, име и место на основното училиштето од кое доаѓа, го запишува и изборното подрачје за кое се пријавува.
Според Правилник за прием на нови ученици од Уметничкиот актив, при пополнување на пријавата за запишување, ученикот кој ќе ја следи наставата на албански јазик се пријавува само за еден образовен профил при што комисијата за рангирање ги рангира спрема бодовите, оние што се над прагот кој е претходно утврден на Уметнички актив влегуваат во одделот кој го избрале.
Во исто време ученикот на одреден лист-образец кој ќе го добие од Училиштето го запишува своето презиме, татково име и име, место на живеење и адреса, име и место на основното училиштето од кое доаѓа, го запишува изборното подрачје за кое се пријавува.
Листот-образец го зема со себе и истиот го приложува во плик кон цртежот од стручниот дел на приемниот испит.
Доколку Училиштето по првото пријавување во јунскиот уписен рок не го пополни потребниот број на ученици, ќе врши упис на ученици и во второто пријавување во јунскиот уписен рок.
По објавување на ранг листите со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигаат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 24 часа.
Второ пријавување
Прием на документи : 29 и 30 јуни 2023 година
Полагање на стручниот приемен испит :
01 јули 2023 година со почеток во 9 часот (цртање на мртва природа )
03 јули 2023 година со почеток во 9 часот (цртање на портрет по модел на гипсана глава)
Резултатите од стручниот приемниот испит и слободните места ќе се објават на огласна табла, на интернет страницата на училиштето и на www.mon.gov.mk на 03 .07. 2023 година.
Рокот за поднесување на приговори од ученици е до 04. 07.2023 година.
Напомена:
Учениците заради утврдување на нивниот идентитет потребно е на полагањето на стручниот испит да носат ученичка книшка од основно образование со заверена фотографија.
КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР
Општи критериуми за избор
– среден успех на ученикот од VI до IX одделение;
– среден успех на ученикот постигнат по четирите предмети ( мајчин јазик, странски јазик, ликовно образование и историја );
– дипломи (доколку имаат) од освоени (I,II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик и од наставните предмети што се од значење за струката, насоката односно изборното подрачје;
– средна вредност од поени добиени за поведение.
За средниот успех од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо, осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).
За средниот успех постигнат од четирите наставни предмети (мајчин јазик, странски јазик, ликовно образование и историја), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет)
За освоено место од меѓународни и државни натпревари ученикот може да добие најмногу 5 поени. ( За освоено место на меѓународни натпревари 5 поени, за освоено место од државни натпревари : 3 поени за прво место, 2 поени за второ место и 1 поен за трето место.) На ученикот му се вреднува само една диплома која носи најмногу поени.
За средна вредност од поените за поведение од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 5 поени (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветто одделение поделен со 4)
Ученикот по сите општи критериуми може да добие најмногу 80 поени.
Напомена :
Во првото пријавување – јунски уписен рок, учениците треба да освојат минимално 45 поени, по основ на горенаведените општи критериуми за да можат да конкурираат за упис во Училиштето. Од таа причина се советуваат учениците сами да си пресметаат дали го задоволуваат овој услов, а потоа да се обратат до Училиштето за поднесување на документи. Учениците од ромската етничка заедница треба да освојат минимум 40,5 поени по основ на општи критериуми за да можат да конкурираат за упис во Училиштето.
За учениците кои завршиле деветто одделение во Република Северна Македонија, а едно, две или три одделенија (ВИ, ВИИ или ВИИИ одделение) во странство, за тие одделенија се зема успехот од деветто одделение и важат истите критериуми за избор на ученици утврдени во огласот.
Дополнителни критериуми за избор
Стручен приемен испит
Стручниот приемен испит за сите изборни подрачја според планот и програмите за уметничко образование – ликовна уметност и дизајн се состои од два цртежи и тоа:
– цртање на мртва природа
– цртање на портрет по модел на гипсана глава
За секој цртеж ученикот може да добие најмногу 25 поени, вкупно 200 за двата цртежи.
Напомена :
Ученикот треба да освои минимум 100 поени од двата цртежа
Директор
Димитар Филиповски