Во тек се уписите во нашето училиште за учебната 2021/22 година. Ве молиме, најнапред запознајте се со условите, критериумите и потребните документи пред да аплицирате за упис. Во продолжение, проследете го објавениот оглас или симнете го соодветниот формат како word или pdf документ :
Доколку за првпат се соочувате со електронско аплицирање, симнете го документот кој чекор по чекор ќе ве води како да аплицирате
Кандидатите кои не се во можност да аплицираат по електронски пат ќе можат тоа да го сторат во просториите на училиштето во закажаните датуми за прием на документи
ЕЛЕКТРОНСКА ПРИЈАВА За да добиете пристап до пријавата за аплицирање, најнапред внимателно пополнете го калкулаторот подолу за да ги пресметате поените од основното образование.
Кандидатите со помалку од 45 поени од основното образование нема да можат да аплицираат за приемен испит во училиштето.
ВАЖНО Кандидатите кои ќе имаат над 45 поени ќе добијат пристап до апликацијата за пополнување на електронската пријава, исклучително преку логирање на училишниот акаунт на Teams (истиот кој го користевте во основното училиште). Затоа, задолжително треба да ги имате овие податоци (корисничко име и лозинка) за да ја комплетирате пријавата.