Вајарски дизарнер се оспособува за вршење на работа во реализацијата на ликовни форми во урбаната средина, архитектурата, ентериерите, мебелот, сценски изведби во театарот, филмот и телевизијата, во институциите за културно-историските споменици (конзервација, реставрација и копија), во индустријата за пластични маси и метали (накит, бижутерија, плакети и др.) и традиционалната копаничарска уметност (резба). Може да се занимава со индивидуална творечка дејност.

Овој отсек низ широкиот избор на творечки активности даде многу значајни имиња кои се здобија со високи признанија и награди во земјата и надвор од неа.