На 02.05.2013 година во училишната галерија се отвори изложба посветена на големиот Христијански празник Христово воскресение-ВЕЛИГДЕН. На изложбата учениците се претставија со насликани порцелански и гипсани јајца, со икони, слики, цртежи, графики и скулптури на тема Велигден.

На истиот настан беа промовирани измените во наставниот план на училиштето, новиот предмет Фотографија, новиот оддел Мултимедија, потоа официјалниот веб-сајт, а беше и промовиран големиот мурал од Личеноски т.е копија од неговото дело  ДОЛАП. Муралот се наоѓа во училишниот хол, на самиот влез во зградата, а изработен е од учениците на Сликарски и Графички оддел.