ДСУЛУД "Лазар Личеноски" - Скопје

државно средно училиште за ликовна уметност и дизајн
img-slide
img-slide
img-slide
img-slide
img-slide
img-slide
img-slide
img-slide
img-slide
img-slide
img-slide
img-slide
img-slide
img-slide
img-slide
img-slide
img-slide
img-slide
img-slide
img-slide
img-slide
img-slide

Сподели: Twitter Twitter LinkedIn
актуелно

Регионален натпревар
по Англиски јазик

На овогодинешните онлајн натрпевари по англиски јазик учествуваат по два ученика од прва, втора и трета година кои беа одбрани по одржувањето на училишниот натпревар по англиски јазик. Следните ученици учестуваат: Нина Насевска и Нина Стоилковска од Ib, Бојана Николова од IIа, Теодора Герасимовска од IIb, Анастасија Бошковска од IIIa и Елена Ончева од IIIb.


Учениците на општинскиот натпревар го постигнаа слениот успех:
  1. Нина Насевска - II место
  2. Нина Стоилковска - III место
  3. Теодора Герасимовска - II место
  4. Бојана Николова - II место
  5. Анастасија Бошковска - II место
  6. Елена Ончева - II место
На регионалниот натпревари сите ученици се пласираа и за државниот натпревар со следниот пласман врз основа на рангирањето направено по бодовна скала.
  1. Нина Насевска - II место
  2. Нина Стоилковска - II место
  3. Теодора Герасимовска - II место
  4. Бојана Николова - II место
  5. Анастасија Бошковска - I место
  6. Елена Ончева - I место


Посета на министерката Мила Царовска

На 21.01.2021 год. министерката за образование Мила Царовска го посети нашето училиште, при што имаше кратки средби со дел од професорите кои имаа тековна настава. Министерката беше информирана за особеностите и традиционалните вредности на нашето училиште кои мораа да бидат запазени за време на наставата во услови на тековната пандемија.

На сите ученици им посакувам среќно продолжување на второто полугодие од оваа учебна година која се одвива во поразлични услови поради пандемијата. Со хибридниот модел обезбедуваме континуитет и во наставата, но и обезбедуваме заштита на здравјето и на учениците и наставниците. Денес по повод стартот на второто полугодие го посетив средното уметничко училиште ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ во Скопје. Наставата во ова училиште се одвива со физичко присуство и е прилагодена на практичната настава на учениците, а матурантите уредно го имаат пријавено матурскиот испит и се подготвуваат за полагање.






некој текст
некој текст
актуелно




Образовни профили

Во одделот се оспособуваат сликарски дизајнери кои ќе можат да реализираат задачи во разни сликарски техники во урбано – архитектонски средини, ентериери, сценографии за театар, филм и телевизија, во институциите за заштита на културно-историските споменици (реставрација, конзервација и копирање археолошки и други експонати) како и со можноста за индивидуални ликовни активности. Во ателјеата на овој оддел се образуваа успешни кадри, ликовно, техничко - технолошки подготвени кои се издигнаа високо и се прославија во својата земја и надвор од неа.


Во продолжение можете да го проследите наставниот план за одделот СЛИКАРСТВО:

Образовни профили

Вајарски дизарнер се оспособува за вршење на работа во реализацијата на ликовни форми во урбаната средина, архитектурата, ентериерите, мебелот, сценски изведби во театарот, филмот и телевизијата, во институциите за културно-историските споменици (конзервација, реставрација и копија), во индустријата за пластични маси и метали (накит, бижутерија, плакети и др.) и традиционалната копаничарска уметност (резба). Може да се занимава со индивидуална творечка дејност. Овој отсек низ широкиот избор на творечки активности даде многу значајни имиња кои се здобија со високи признанија и награди во земјата и надвор од неа.

Во продолжение можете да го проследите наставниот план за одделот ВАЈАРСТВО:

Образовни профили

Овој оддел оспособува дизајнери на керамика, порцелан и стакло, кои си го наоѓале своето место во керамичката индустрија и во индустријата за стакло. Во своето богато историско минато овие кадри учествувале во дизајнирање и ликовна обработка на градежната и санитарна керамика, декоративната и уникатна керамика, керамичкото сликарство, порцеланот и стаклото, сувенирите, бижутеријата, реставрацијата, конзервацијата и копирањето на археолошко-керамичкото културно богатство. А денес, дизајнерите на керамика се активни и на ликовното културно-уметничко поле со свои ликовни керамички творби, како и во индустријата. И денес овој оддел со успех и традиционална креативност оспособува кадри од оваа област, творци и дизајнери за керамички производи.

Во продолжение можете да го проследите наставниот план за одделот КЕРАМИКА:

Образовни профили

Во овој оддел графичките дизајнери се оспособуваат за ликовно-графичка работа, за обработка на книги, весници и списанија, реклами, амбалажи, илустрации и други печатени работи во графичката индустрија. Може да извршува и индивидуални работи од графичката уметност учествувајќи и во ликовно-графичкото дефинирање на индустриски и уникатни производи. Овој оддел ги даде меѓународно признатите имиња, кои својот век го посветија на оваа уметност и добија високи признанија и награди.

Во продолжение можете да го проследите наставниот план за одделот ГРАФИКА:

Образовни профили

Во овој оддел се оспособуваат дизајнери на ентериер и мебел кои можат со успех да вршат работни задачи како ентериеристи за ликовна обработка на простор и мебел, саемски и изложбени поставки, сценски изведби, советници во салони за продажба на мебел, активности во производството на сериски или уникатен мебел и индустриски производи, како и во ликовното подготвување на проекти за реализација на нови идејни решенија на ентериер и мебел. Овој оддел ги даде не само пионерите на проектирањето мебел и внатрешна архитектура, но и континуирано обезбедуваше кадри за индустријата на мебел од кои многумина од нив постигнаа врвни резултати и освоија вредни признанија во земјата и надвор од неа.

Во продолжение можете да го проследите наставниот план за одделот ЕНТЕРИЕР:

Образовни профили

Низ своето постоење овој оддел оспособил многу млади квалификувани кадри. Дизајнерот на текстил и облека е оспособен за ликовна обработка и совладување на орнаментика и дизајн на разновидната облека низ историските периоди од древен Египет па се до 20 век. Со помош на нејзина трансформација и стилизација се доаѓа до современ модерен дизајн на текстил и облека. Исто така, врз основа на здобиените ликовно – естетски сознанија тој е подготвен за изработка на идејни проекти и нивна реализација во соодветен материал, со примена на одредени технолошки процеси. И денес овој оддел претставува желба на многу талентирани млади ученици. Во него се оспособуваат инзвонредни дизајнери, кои учествуваат на изложби и саеми и освојуваат голем број награди и признанија.

Во продолжение можете да го проследите наставниот план за одделот ТЕКСТИЛ:

Образовни профили

Одделот Мултимедија е базиран на два главни (носечки) предмети. Тоа се: Дигитална уметност и Видео и звук. Предметот Дигитални уметности претставува образовна единица низ која учениците преку соодветната настава ќе можат да се образуваат и оспособат за креирање и создавање на дигитални апликации, ликовни дела и анимации со помош на компјутерски програми (software) наменети за дигитални уметности и анимации како Adobe Photoshop, Adobe Ilustrator, Adobe Animate (Flash), After Efects итн. Поимот Дигитална уметност е релативно современ израз за употреба и користење на современите дигитални алатки во визуелното (ликовно) изразување и обликување. Основа за овој облик на ликовна уметност е компјутерот но и останатите алатки како скенер, пен таблети, дигитални фотоапарати, дигитални печатарски машини и сл. Во целиот ликовно-креативен процес неопходни се и соодветните програми наменети за креирање и конечно реализирање на едно дигитално ликовно дело. Токму затоа во целиот образовен процес на овој оддел неопходно е изучување како на основните ликовни вредности така и на програмите и компјутерските алатки. Предметот "Видео и Звук" е дел од научната програма која ги воведува учениците во основите на креирање на подвижни слики, кои претставуваат сублимат на аудио и видео записи, преку примена на теоретски и практични елементи, како основа на едно уметничко дело – мултимедијален проект. Спроведувањето на едукативниот процес од областа на Видеото и Звукот има за цел на идните уметници да им овозможи, преку изучување и примена на светските технолошки достигнувања, да создаваат нови современи ликовни креации.Примената на овој предмет е олеснета поради се поголемата достапност на алатките за продукција на овој тип на уметнички дела, од аспект на финансиите потребни истите да се обезбедат. Од перспектива на пренесување на знаењето на учениците, целта е тие да научат како видео – звучните записи можат да се користат како моќни, иновативни и креативни елементи во создавањето на современа уметност. Придобивките од изучување на Видео и Звук, на долг рок, ќе се рефлектираат во создавање на кадар (проодност), кој ќе биде од стручен аспект подготвен за професионална надградба во областа на создавање на Видео арт, документарна форма, играна форма, рекламен спот, музички спот и сл., преку продолжување на едукативниот процес во насочени високо образовни институции.

Во продолжение можете да го проследите наставниот план за одделот Мултимедија:

галерија

Училиштето располага со училишна галерија во рамките на училишната зграда. Во неа се поставуваат Завршната годишна изложба, Новогодишната изложба, Велигденската изложба, како и сите други ученички изложби во текот на школската година.
Покрај овие изложби, галеријата е на располагање на сите заинтересирани кои сакаат да ја користат за поставување на изложби, промоции и слично.



инфо

Адреса:
Киро Крстевски – Платник бр. 15
1000 Скопје, Р. Македонија

Тел./Факс:
02 3118 490

Емаил:
contact@lazarlicenoski.edu.mk

Често Поставувани Прашања
Во текстот подолу ќе ги пронајдете одговорите на често поставуваните прашања



Доколку не пронајдовте одговор на вашето прашање можете истото да го испратите преку следнава форма:


Информации од јавен карактер



powered by TenevArt.at
Follow me on Facebook Follow me on Instagram