Образовен профил (оддел) за Мултимедија

(Дигитални уметности)

Одделот Дигитални уметности треба да претставува образовна единица низ која учениците преку соодветната настава ќе можат да се образуваат и оспособат за креирање и создавање на дигитални апликации, ликовни дела и анимации со помош на компјутерски програми (soft­ware) наменети за дигитални уметности и анимации како Adobe Photoshop, Adobe Ilustrator, Corel Painter, Adobe Flash, After Efects MAYA, 3D MAX.

Одделот Мултимедија е базиран на два главни (носечки) предмети. Тоа се: Дигитална уметност и Видео и звук.

 

Поимот Дигитална уметност е релативно современ израз за употреба и користење на современите дигитални алатки во визуелното (ликовно) изразување и обликување. Основа за овој облик на ликовна уметност е компјутерот но и останатите алатки како скенер, пен таблети, дигитални фотоапарати, дигитални печатарски машини и сл. Во целиот ликовно-креативен процес неопходни се и соодветните програми наменети за креирање и конечно реализирање на едно дигитално ликовно дело. То­кму затоа во целиот образовен процес на овој оддел неопходно е изучување како на основните ликовни вредности така и на програмите и компјутерските алатки.

 

Предметот „Видео и Звук„ е дел од научната програма која ги воведува учениците во основите на креирање на подвижни слики, кои претставуваат сублимат на аудио и видео записи, преку примена на теоретски и практични елементи, како основа на едно уметничко дело – мултимедијален проект.

Спроведувањето на едукативниот процес од областа на Видеото и Звукот во средно­то уметничко училиште „Лазар Личеноски“, ќе има за цел на идните уметници да им овозможи, преку изучување и примена на светските технолошки достигнувања, да создаваат нови уметнички креации.

Примената на овој предмет е олеснета поради се поголемата достапност на алатките за продукција на овој тип на уметнички дела, од аспект на финансиите потребни истите да се обезбедат.

Од перспектива на пренесување на знаењето на учениците, целта е тие да научат како видео – звучните записи можат да се користат како моќни, иновативни и креа­тивни елементи во создавањето на современа уметност.

Придобивките од изучување на Видео и Звук, на долг рок, ќе се рефлектираат во соз­давање на кадар (проодност), кој ќе биде од стручен аспект подготвен за професио­нална надградба во областа на создавање на Видео арт, документарна форма, играна форма, рекламен спот, музички спот и сл., преку продолжување на едукативниот процес во насочени високо образовни институции.