Училиштето располага со училишна галерија во рамките на училишната зграда. Во неа се поставуваат Завршната годишна изложба, Новогодишната изложба , Велигденската изложба, како и сите други ученички изложби во текот на школската година.

Покрај овие изложби, галеријата е на располагање на сите заинтересирани кои сакаат да ја користат за поставување на изложби, промоции и слично.