Денес, Понеделник 30.09 во 11 часот училштето беше посетено од Н. Е Мариет Схурман, амбасадор на Кралството Холандија. Во рамките на посетата се одржа креативна работилница каде што учениците насликаа еден од придружните објекти на училиштето, инспирирани од Пит Мондријан.  Исто така, беа насликани и  5 (пет) големи пластични лалиња.  При оваа посета амбасадорката се запозна со учениците, професорите, просторните услови во училиштето, а и притоа беше дефинирана позицијата за изработка на големи ѕидни мурали- реплики на Ван Гог и Рембрандт, во еден од училишните ходници. Промоцијата на овие мурали ќе се случи во Април 2014 год, а ќе бидат изработени со финансиска подршка од Холандската амбасада.   ФОТОГАЛЕРИЈА ОВДЕ

DSC_3400
А ВАКА ИЗГЛЕДАШЕ…

DSCN3683   DSC_3284   DSC_3294  DSC_3258   DSC_3342   DSC_3362   DSC_3365  DSC_3443  DSC_3477  DSC_3510  DSC_3524